За такви ко мене што многу би сакале да зборат француски, ама само така знаат да напраат два реда муабет, постои една книжарница, на Конкорд, во Париз што се вика WHSmith. Еден фин, врнежлив ден, конечно ја купив How To Be Parisian Wherever You Are, книга што одамна ја ловам. Во Виена на аеродром беше 24 евра, не памтам зашто не ја купив, па овде, што знам, ваљда плаќаш и локација па беше дваес осууууумммм, ама вредеше. Ја прочитав во авион за назад и беше едно од најпријатните возења со авион во моето постоење.
Значи, книгата, How To Be Parisian Wherever You Are – Love, Style and Bad Habits, како прво, не е мојата, мојата е оваа. Се работи за еден симпатичен, многу забавен учебник, со афоризми, шали, рецепти, факти и инспирација за Парижанките, и за сите што читаат и што се пронаоѓаат во начинот на живот. И прва ствар што одма ги купува сите што се родени малце подалеку од Париз е:
Тоа, и со ставот на Лагерфелд дека „Не мора да бидеш французинка за да бидеш Парижанка“ и фасцинацијата од effortless стилот на жените во Париз, нивната згодноќа што им е вродена, и самиот факт што живеат во градот што милиони луѓе си го имаат на список на „ствари што морам да ги видам пред да умрам“, ја направи книгата must-have на еден куп жени, модни ентузијасти, вистински Парижанки, wannabe Парижанки, и ја.
Меѓу муабетите „најди си твој парфем пред да наполниш триесет и користи го во наредните триесет години“, „шишај се сама“ и „биди си сама принц на бел коњ“, има и брилијантни, а едноставни работи што веројатно ќе си речете дека не треба ни да се кажат. А треба. На пример,
„Оди во театар, музеи и на концерти што е можно почесто. Тоа ти го дава тој здравиот сјај на кожата.“
Многу ми беше јако кога прочитав „шишај се сама“, затоа што така правам, додека не прочитав дека никад во плакарот на една Парижанка нема да најдеш Uggs и скинати фармерки. Значи факоф, не може. Ќе избалансирам со тоа што ќе ме мрзи да се лакирам за сликиве што ќе ги постирам овде, а негде во книгава прочитав дека француски маникир е глупост и дека они не носат ништо.
И ако баш не можете одма да отидете во Париз, страниците се полни со предлози за филмови и книги што ќе ви направат да се чувствувате како таму, со тоа што, уредно е објаснето кои книги ги имате, тврдите дека сте ги прочитале, а никогаш не сте, а кои ви го формираат животот, таков каков што ви е сега. На пример, имате еден куп книги што сте ги купиле затоа што ви се свиѓала корицата, еден тон непрочитани лектири од средно и неколку што ви е срам да кажете дека се досадни (победете го срамот, Орхан Памук е досаден, во ред е, ова ја ви кажувам), а со саати можете да дискутирате за Bonjour Tristesse и Madam Bovary.
На Амазон, има и една група на разочарани луѓе што се лутат дека платиле за книгата, а добиле само извеано кикотење и занесување од неколку другарки. Ама ова не е книга што сака да биде роман. Оваа книга сака да се подружи со тебе, да се нашали и да си попраите муабет.
И плус те учи да не се сфаќаш себеси пресериозно, да не се трауматизираш од глупости, да не бараш совршенство и да бркаш статус. Да, Парижанката се претставува како многу појака од тоа што е, ама паралелно е свесна дека претерува и кажува вицеви на своја сметка.
Книгава е полна со шарм и хумор, и ако магично се претвори во жена, тогаш мислам дека би било многу корисно да се учи од неа.
Можете да ја нарачате горе на линкот, истиот е и овде.
Ги има на Фејсбук и на Инстаграм, таму можете да ги видите и авторките.
Пријатно попладне,
Јана