Books, Јас сум Миа, Writing

„Јас сум Миа” е бестселер, и други работи што да ми ги кажеа лани, ќе им речев ‘Не трескајте глупости’

„Не трескајте глупости” е супер наслов за книга, бтв.

Него, да видиме.

Јас сум Миа.

Jas sum MIA V1 za INSTA

Почнато од „да видам дали можам”, завршено како најпродавано на штандот на Арс Ламина и Литература.мк.

Никогаш не сум мислела дека ќе пишувам приказна за тинејџери. Сум мислела дека нема да ми биде интересно за пишување. А тоа бре, како шармантен тинејџер што освојува со навидум небитни (а сепак personality-building) проблеми, те влече да го дорешиш, да ги доосмислиш тие деца, да ги посветиш на сите твои проблеми од детство, на проблемите на сите другарки, на проблемите на твојот помал брат и неговите другари и другарки, и на крај да го решиш скроз, како целосна приказна, не затоа што ти си многу одговорен и доследен, него затоа што стотици девојчиња на Инстаграм ти пишуваат „КОГА ЌЕ БИДЕ КНИГАТААААА?!”

Ги заобожавав. Не толку поради тоа што ми пишуваат убавини, туку затоа што запознав, макар и преку инбокс на Инстаграм, деца и тинејџери што во ова време на интернет, откриваат што значи да се пронајдеш во приказна и таа приказна да те вовлече во себе. Деца што едвај чекаат да читаат книга во 2019-та. Деца што си запишуваа (ставаа римајндери, де) кога е промоцијата и деца што дојдоа да се гушнеме и да се сликаме со, мојата ФИЗИЧКИ најубава книга до сега.

IMG_4175

Меѓу нив, девојки што пишуваат поезија, девојки што ми се пофалија дека пишуваат проза и една мала, што најсамоуверено во свет (многу посамоуверено отколку што некогаш ЈАС ќе кажам), ми кажа: И ЈАС СУМ ПИСАТЕЛКА.

Да не си престанала да пишуваш.

„Миа” се случи неочекувано, два дена откако гледав тинејџерски филм и се запрашав можам ли јас ова? и неколку саати откако разговарав со Тања од Арс Ламина (која ми е чест што ми е уредник), и Марија – креативен визионер со која заедно ја замислувавме Миа. Да пишувам книжевна серија за тинејџери.

Реков, јас ќе пробам вечер. Ако ми успее макар една епизода, имаме договор. Ако не, не ме чекајте.

Резултатот го знаеме.

Јас сум Миа” почна да се продава прв пат на Саемот на книга сега, а стана најбарана кај нас на штанд. После нејзе се Марк Менсон и Мишел Обама, што претпоставувам дека нема потреба да ги дообјаснувам.

Паралелно имам уште неколку убави обврски, сите врзани со пишување, од кои најбитна ми е книгата што ја викам „трета”, а сега веќе кога излезе „Миа” е четврта. Почнав да ја пишувам после Анаис, па изгледа затоа ми е упорно трета.

IMG_4153

Ни излегуваат и уште ствари врзани со „Миа”, ама за тоа – накнадно.

„Анаис” и „Парижанка” се ближат до распродавање на тираж.

Уредувам една од омилените книги во животот.

Од најубавиве, има уште една ствар, неповрзана со книги, што ќе ја кажам за некое време.

Во моментов, сакам да кажам фала на „Арс Ламина”, на Тања – уредник што може само да се посака, на Бранка – главен уредник што не може ни да се измисли, на Марко, кој заради возраста и уникатниот поинт оф вју беше стручен консултант, на Сибо, што ми е сега колега затоа што ги издаде неговите вонсериски раскази, а на секое запнување ми викаше „значи, забављај се, не се оптеретувај” што треба да стане животна филозофија во секоја професија, на татко ми што, кога ќе заборавев дека треба да пишувам ми викаше „праќај ми ма, уште!” (на мајка ми и е уште страв да ја прочита, ко Пет Семетери да пишував, а не книга со тинејџерски проблеми), на Ана и Нена со кои што пред х број години ги преживувавме истиве Миа-ствари и нашите глупости служат како непресушен извор на дешавки, на Магде што ми е безрезервна поддршка за секоја напишана реченица, на Цеце што има камео како педагог, затоа што кого друг би замислила како педагог во книга, макар и само во 2-3 реченици, на Чуварите на книгата што се вклучија во изборот на корица… И ова веќе звучи ко Оскаровски говор, ама стварно се бескрајно многу луѓе, од другарки, до непознати при случајни средби – сите вие, со кои разменив макар и 2-3 збора за „Миа” – ви благодарам.

А најмногу на сите вас што пишувавте на Инстаграмот jassummia и на мојот, прашувавте кога ќе биде, каде ќе биде и колку сте уживале во тоа што било достапно на интернет, а сега пишувате и кога ќе биде втората, третата и така натаму… И што дојдовте да се запознаеме на Саем.

Ве сакам и ветувам дека ќе има уште 🙂

„Јас сум Миа” ја има во книжарниците на Литература.мк, на ул. Македонија, во Рамстор Мол, Сити Мол, Веро-Џамбо, на Широк Сокак во Битола и во сите супермаркети каде што се продаваат книги. Наскоро ќе ја има и низ цела Македонија, а може да се нарача и на сајтот на Литература.мк.

Јана

Advertisements

Comment!

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s