анаис од монмартр, Paris, Writing

Второ издание на „Анаис од Монмартр“!

Тоа би значело дека се продале сите 1000 примероци од првиот тираж, и тоа ако не ги рачунаме дигиталните изданија на Амазон.

Илјада книги, само „Анаис“!

Јасно ми е дека во свет луѓето продаваат милиони, а кај нас илјадници, и баш ми е гајле.

Затоа што верзијата од мене од пред неколку години што не ни планираше да ја пушти на македонски ова сигурно не го очекуваше.

Не само што има второ издание, туку има нова, многу јака, многу лиљакова корица:

Screen Shot 2020-04-03 at 1.42.40 PM

Со црвен кармин.

Воодушевена сум.

Патем, и „Скоро парижанка“ се ближи до ново илјадарче 🙂 Тоа ми е firstborn и мислам дека тек тогаш ќе скакам по дома.

Чекајте сега благодарности.

Благодарам на сите што ја прочитавте и што ја споделувавте. И на тие што ми пишувате импресии, вие па, особено ме радувате ❤️

Благодарам на сите што допрва ќе ја читате.

Благодарам на моите луѓе за поддршката и строгоста со која ми се обраќаат кога ќе ми речат, „седни да пишуваш ново, доста се занесуваш више.“ Еве, пишувам.

Уредник како Бисера не може ни да се измисли.

А главен уредник, поддршка и сонце како Бранка може само да се посака.

А јас си имам.

И ви посакувам и на вас. Можеби вашето не е пишување, ама што и да е, со среќа 🙂

Книгата ја има во сите книжарници на Литература.мк, иако во моментов (коронатајм) само во ГТЦ, Буњаковец и ул. Македонија. Ја има и за онлајн нарачка (again, вака, во доба на корона) на сајтот на Литература.мк, заедно со другите – „Скоро парижанка, или како да ги преживееш своите доцни дваесетти… во Париз“, „Јас сум Миа“ и „Како се оди во Париз – прирачник со дневник за патување“. Испораката е 99 денари и стигаат за 3-4 дена, зависи каде сте.

За тие што сте во странство, еве ја на Амазон, за Киндл и во хард копи.

И можете да си ја додадете на Goodreads.

Je vous aime.

Јана

Processed with VSCO with b5 preset

Comment!

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s