, ,

„Анаис од Монмартр”, 1.

Драг директоре,

Со голема радост ве известувам дека нема да продолжам со работа во Вашето школо после празниците. Би сакала да можев да ви кажам дека ми е жал за непријатноста и проблемите кои ќе ви ги создадам додека да најдете нов наставник по француски за толку кратко време, но вистината е всушност дека воопшто не ми е гајле.

Не ми е гајле за школото, ниту за мојата замена, а сигурно не ми е гајле ни за тоа што Вие, или било кој друг од колегите имате да кажете на таа тема. Фактот што полека почнав да размислувам како вас не ме загрижи толку колку што се потресов дека почнав и физички да личам на вас, а навистина не можам да си дозволам да почнам да носам перики затоа што ме мрзи да ја средувам косата од сабајле. Да, една од колешките по историја го прави баш тоа.

Така, би сакала да Ви се заблагодарам за, од прилика, НИШТО, и Ви посакувам се најубаво. Најсреќна би била ако воопшто не ме контактирате, а ако морате, тогаш можете на оваа адреса затоа што ќе бидам апсолутно недостапна за било каква вербална комуникација со Вас.

Секое добро,

Анаис Мишел

П.С. Сите знаат дека не миете раце после тоалет.

Саат време откако го кликнав тоа катарзично „Испрати“, ја чекав мајка ми во еден симпатичен кафич, преплавен со адвокати, карши Кралскиот суд на правдата во Лондон. Очекував да вика, да реди и се друго што беше способна да прави секогаш кога ќе направев нешто вакво. Додека ја пиев првата голтка еспресо, ја видов на врата, во сите тие нејзини крзна и шешири, строго застаната, како ме бара гледајќи низ спуштените наочари за сонце.

ШТО НАПРАВИ!’ драматично извика кога ме здогледа, а лицето и беше искривено од загриженост. Не толку за мојата емотивна состојба, колку за нејзината во наредните неколку недели додека се обидува да се справи со уште едно од моите професионални самоубиства.

’Кажи ми како,’ почнав да гестикулирам, ’и зошто… еден човек толку полн со живот и идеи, и страстен обожавател на уметност и патување, би се заглавил во наставничка работа?!

’Тоа е благородна работа,’ изјави мајка ми дефанзивно, мавтајќи му на келнерот.

’А, знам,’ реков. ’И добро е платена. Дури може да биде и задоволство во твојот случај, кога предаваш на возрасни и можеш да дискутираш со возрасни!’ Мајка ми молчеше, видливо изнервирана од моето однесување. ’Како па ти дозволив да ме вовлечеш во ова?’ ја прашав.

’Ти беше невработена, а ова беше одлична шанса’,  се правдаше мајка ми, иако строга.

’Најдов бело влакно, мамо!’ викнав. ’Имам дваесет и седум години! Знаеш дека порадо би била стриптизета, отколку ова, нели?’

’Тоа го кажуваш за секоја работа,’ ја фати очај.

’Тоа е затоа што не постои работа за мене во овој Универзум, и тоа е многу страшно,’ реков, освестувајќи се во тој момент дека ниедно конвенционално вработување нема да ме усреќи.

’Не колку што ми е мене страшно,’ рече таа. ’О, Боже, зошто не можеше да бидеш едноставен човек? Едноставен човек ќе имаше едноставна работа, ќе водеше едноставен живот и немаше да и создава кошмари на мајка му!’ Направи пауза па додаде: ’Татко ти е крив за ова.’

 ’Како е татко ми крив, мамо?’ прашав. Заклучокот наречен “татко ти“ го имав слушнато едно милион пати претходно и секогаш кога ќе направев нешто што таа толку внимателно се трудеше да ме научи да не го правам.

’Затоа што инсистираше да се помине детството во Париз, со сите тие блесави уметници, без стабилни животни вредности, неспособни да задржат една нормална работа—’

’Мамо ти предаваш историја на уметност…’ ја прекинав.

’Ќерка и на Ив е архитект!’ застенка мајка ми, гледајќи нагоре. ’И има сопствена компанија, и вработени, луѓе што работат за неа, Анаис!’

’Таа што ми ја спомна и пред две недели? Да те цитирам, “Архитект, само затоа што сакала професија на која што луѓето ќе и се восхитуваат“? Немам апсолутно никаква желба да го имам нејзиниот живот,“ ги прекрстив рацете. ’Сигурно работи до бесвест и прима терапија за стрес.’ Мајка ми не кажа ништо. ’Е па?’

’Е па, сега ќе морам да прашам каде оди на психијатар, затоа што ти ќе ме умреш,“ ме нападна таа, доволно гласно за шанкерот да не погледне прашално.

И, бидејќи немав капацитет да ја согледам ситуацијата како прашање на живот или смрт, како нејзе, се изнервира.

’Толку. Се откажувам. Сепак, веќе не си мала и не можам да чистам по тебе. Зошто татко ти на пример, да не се справува со тебе барем еднаш, што не го мачиш него малку?’

’Тој не би реагирал вака, и чисто да те потсетам, него му е совршено добро без досадна работа како на остатокот од светот.

’Татко ти наследи имот во центар на Париз, глупо дете, и затоа времето му поминува во курвање на старост,’ рече мајка ми, а во очите и засветка заборавен бес. Тоа беше делумно вистина, татко ми беше женет четири пати после неа, секоја наредна помлада од претходната.

Моите родители се вљубиле кога биле млади, тој како лик од книга, со студио преполно со непродадени слики, а таа ексцентричен студент по историја на уметност вљубена во неговиот животен стил. Не се венчале, но сепак ме родиле, и како што созреваше и старееше мајка ми, англискиот стап во газот и се исправаше, што беше спротивно од тоа што му се случуваше на татко ми, и тој стануваше се понескротлив. Не помина долго време по нивната разделба, кога тој објави дека ќе се жени со една дама од високите париски кругови, за да се разведе после само три месеци, па да се ожени после четири месеци за една дваесет и петгодишна, замислете, студентка по историја на уметност. И потоа уште два разводи, за кои што деталите не ми беа многу познати, затоа што не зборевме премногу често во последните неколку години.

IMG_0261

’Знаеш што?’ почна мајка ми луто. ’Што не одиш кај него? Што не го прашаш за некое мудро решение, да видиш и дали ќе те разбере?’

’Сигурно ќе ме разбере.’

’Да, само пробај да не се изненадиш ако новата невеста има дванаесет години,’ заврши мајка ми, стана и драматично ја навлече бундата, што на шанкерот му дојде многу забавно. ’Жими се, понекогаш си иста како него!’ И со тоа, го напушти кафичот, предизвикувајќи сите адвокати во просторијата да направат пауза од многу важните разговори што сите ги водеа во исто време.

Да одам кај татко ми воопшто не делуваше како лоша идеја. Отсекогаш живееше со жена, но имаше и други соби каде што живееше, па и станови колку што имаше соби, така што, што можеше да тргне наопаку?

Одговорот на тоа прашање беше тоа што ме донесе на Хитроу наредното сабајле, со два куфери, мојот мачор Памук во транспортер и карта за Париз. Некако, помислив дека ако веќе воопшто се барам себеси, местото каде што можам да се најдам беше дома.

cropped-cropped-paris_background.png

INSTA-BLK-FINAL-FINAL 54997-facebook-black-social-button-circle

Comment!

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s


%d bloggers like this: