Можно е веќе да сте прочитале, ама јас да си кажам:
Прво, со Арс Ламина направивме прирачник и дневник за патување според постот „Како се оди во Париз”.
Второ, за некој да има можност лично да ги доживее местата спомнати во романите „Скоро парижанка” и „Анаис од Монмартр” и ќе подариме два авионски билети за Париз! Не можам да се изнарадувам на ова!
Трето, утре, 5-ти мај, сабота, во 13ч. на Саем на книга (во СЦ Борис Трајковски овој пат) ќе има Almost Parisian дружење, со вино, макарунс и кроасани, и ќе го разгледуваме прирачникот (со исто име како постот) „Како се оди во Париз”.
Внатре има простор за списоци што ќе носиш и што ќе купиш, има совети (да читаш книги со Париз пред да одиш, како да се спакуваш, на што да внимаваш), има цитати од книгите за да се заокружи целото доживување, има простор за лепење карти и слики, прекрасна мапа на спомени каде што можете да ги означите и да ги запишете вашите лични доживувања и други фини работи.
Назад на билетите за Париз:
Откако ќе купите некој од романите „Скоро парижанка” или „Анаис од Монмартр”, добивате ваучер, на кој ќе одговорите многу едноставно прашање 😉 Ваучерот оди во кутија, а вие ја чувате фискалната сметка обавезно. На почеток на јуни ќе има извлекување и со среќа!
Се гледаме утре (сабота, 5ти, 13ч.), облечете нешто што е almost Parisian.
❤
Ј.