disambiguation: Не е „Како да бидеш парижанка”. За таа фантастична книга пишував овде.
Оваа е друга, сме збореле, насловот е
„Скоро парижанка
или
како да ги преживееш своите доцни дваесетти
…во Париз”
Да, долг е насловот. Ај на англиски, како што му е оригиналот, со нешто помалку од 5 ѕвезди на Амазон:
Almost Parisian,
or
How to survive your late twenties
…In Paris
Ама тоа сме го учеле.
Новото е што сега има нова корица (што е живи прекраснотии, фала на дизајнерскиот тим на Арс Ламина), и се продава во Литература.мк на ул. Македонија. Во случај да не ви звучи познато, тоа е онаа фантастична книжара на нивоа, со многу црвено, одма до Мекиците на стража (или како и да му е сега името). Ја има и во Рамстор на нивниот штанд. Може да се нарача и од сајтот на Литература.мк, а ќе ја има наскоро по сите градови во Македонија.
Сите што ја прочитале ја доживуваат како романтична комедија, што е точно, жанровски книгата е таму, кај што сакав да биде. Па сепак, не е толку важно „дали ќе се фатат”. Мене ми беше поважно да го пораснам главниот лик, за на крај да биде мирен. Што значи дека некаде во описот би се нашло и она „барање себеси”, само без запаѓање во ненормални длабочини. Ако не рачунате пукната цевка во купатило.
Ќе си прочитате.
Од другите вести, втората книга ми е најпродавана во Арс Ламина за 2017-та! И особено ми е јако тоа со оглед на тоа што излезе во октомври 2017.
Се вика „Анаис од Монмартр”. И луѓето тврдат дека е подобра од „Скоро парижанка”.
Мене свеедно. Кориците ми се убави ❤
Овде имате Извадок од „Скоро парижанка”.
Овде интервју за двата романи.
Буб.
J.
2 responses to “Второ издание на „Скоро парижанка”!”
[…] -Прва глава од „Скоро парижанка“. […]
LikeLike
[…] via Второ издание на „Скоро парижанка”! — Jana Misho […]
LikeLike